Почетна | Новости | 13.10.2025


Работилница „Lines Released“ на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, УКИМ

Во периодот од 9 до 12 октомври 2025 година, на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа работилницата „Lines Released“, посветена на уметничкиот израз уметничка книга.

Работилницата беше водена од австриската уметница Регина Хардаба, а во неа учествуваа студенти од втора и трета година на додипломските студии при ФЛУ.

Како завршница на работилницата, на 13 октомври (понеделник) во просториите на Сули ан – Галерија „Драгутин Аврамовски – Гуте“, беше отворена изложба на изработените дела.