Почетна | Новости | 20.02.2026


Работна средба на ректорката со амбасадорката на Народна Република Кина

✨На 19 февруари 2026 година, ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џијанг Сјаојан.

На средбата се разговараше за унапредување на академската и научната соработка, развој на заеднички истражувачки проекти и зголемување на мобилноста на студенти и наставен кадар. Беше нагласена посветеноста на УКИМ кон интернационализација заснована врз научна релевантност и квалитет во високото образование.

Посебен акцент беше ставен на продлабочување на партнерствата со високообразовни и научноистражувачки институции од Народна Република Кина, како и на значењето на досегашната соработка, вклучително и активностите на Институт „Конфуциј“ при УКИМ.

Средбата претставуваше значаен чекор кон зајакнување на институционалната комуникација и понатамошно развивање на образовните и научните врски меѓу двете земји.✨