Почетна | Новости | 13.03.2026


Започнува реконструкцијата на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“

✨Вчера официјално започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ✨

✨Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со надлежните институции и Министерството за спорт, по спроведени темелни анализи изработи проектна документација за реконструкција на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“.

Проектот е изработен од универзитетски стручни лица и целосно одговара на законските регулативи, при што се опфатени и решени повеќе долгогодишни недоследности во објектот. Во текот на изминатата година беше успешно завршена и постапката за стекнување право на сопственост на спортската сала. Со решавањето на правниот статус и преземањето на владението врз објектот, се создадоа сите законски предуслови за добивање Решение од надлежното Министерство за транспорт, со кое се одобрува проектната документација за реконструкција.

Ставањето во функција на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ нема да значи само обновување на спортската инфраструктура на Универзитетот. Овој објект ќе претставува значајна поддршка за студентите и подобрување на студентскиот стандард, но и простор за развој и унапредување на вистинските вредности на спортот.✨