Завршни зборови на ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова на настанот: Better Education for Stronger Growth
🎓Свесни сме дека воопшто не е лесно да се дефинира и имплементира стратегија за одржливо финансирање на ВО. 😊 Но и дека успехот на амбициозниот план за подобрување на придонесот на високообразовниот систем за иновации и конкурентност 🎯 во голема мера ќе зависи од достапноста на доволно финансиски средства 💰 и способноста на земјата да се потпира на методите на распределба кои ги поттикнуваат иновациите 💡 за високи перформанси 📈 и ефикасно искористување на ресурсите меѓу високообразовните институции. 🏫
Во рамките на целокупната цел за зајакнување на конкурентноста на македонските универзитети 🇲🇰 во национален и меѓународен контекст, новиот модел на финансирање на високото образование 🏛 треба да ја поттикне следнава агенда:
▪ 📝 Идентификување на студиски програми од јавен интерес кои треба да добијат приоритетно внимание во однос на јавното финансирање;
▪ 🌐 Промоција на разновидноста во мисиите на универзитетите (настава, истражување, регионален ангажман, итн.);
▪ 📚 Усогласување со реформите кои се од суштинско значење за целосно учество во процесот од Болоња;
▪ 🌍 Интернационализација на високото образование; и
▪ 🏙 Зајакнување на придонесот на универзитетите во локалниот и регионалниот развој.
Поаѓајки од искуството на ОЕЦД земјите 🌏 во изминатата декада, како и други странски искуства, потребно е да се воспостави адекватен модел на финансирање на високото образование кој треба да ги задоволи следниве 8 принципи:
1️⃣ Тесна координација со националните приоритети 🎯
2️⃣ Да е базиран на перформанси 🏆
3️⃣ Да обезбедува рамноправен пристап на сите популациони групи ⚖️
4️⃣ Да обезбедува објективност и транспарентност ✨ во процесот на алокација на средствата
5️⃣ Да обезбедува конзистентност и компатибилност меѓу различни финансиски инструменти 🔗
6️⃣ Да е стабилен 🛡
7️⃣ Да обезбедува институционална автономија 🤝 и да е отчетен 📊
8️⃣ Да обезбедува финансирање базирано на блок трансфери од Централно ниво до ВОИ.
Целиот извештај на Светска Банка можете да го прочитате на следниот линк:
https://www.worldbank.org/en/region/eca/publication/europe-and-central-asia-economic-update