30 години Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ

На 4-ти декември го одбележавме јубилејот – 30 години од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ. Три децении посветена мисија во создавање воспитувачи, наставници и библиотекари кои го градат темелот на нашиот образовен систем.
Во име на Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, проректорката за настава проф. др. Соња Топузовска, упати честитка и благодарност до сите професори, асистенти, соработници, административни служби и студенти. Нивната работа, визија и посветеност ја градат репутацијата на факултетот и на целиот Универзитет.
Педагошкиот факултет е симбол на инклузивност и мултикултурност, единствен во државата со студиски програми на македонски, албански и турски јазик. Во изминатите 30 години факултетот изгради современи студиски програми, го зајакна научно-истражувачкиот потенцијал, се интернационализира и воспостави силни партнерства со училиштата и градинките низ земјата.
Овој јубилеј не е само потсетник на традицијата – тој е мотив за идни чекори: нови квалитетни програми, повеќе истражувања, дигитални иновации и уште поцврста врска со општеството.
Нека е честит 30-годишниот јубилеј на Педагошкиот факултет!
Градиме општество на знаење, чекор по чекор.

Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)