Повик за консултативен состанок со заинтересирани кандидати за стипендијата на Фондацијата за животна средина на Германија ДБУ
Како што беше претходно објавено, Фондацијата за животна средина на Германија, ДБУ (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) нуди можност за стажирање и истражувачки престој на докторанди во Германија, во времетраење од 6-12 месеци.
Снимката од онлајн информативната сесија што се одржа на 20.01.2025 година е достапна на следниов линк
https://cloud.dbu.de/index.php/s/3JaBdQYLrnq6LJw (password: n|2WR\e.)
Фондацијата објавува повици за аплицирање двапати годишно, на 5 март и на 5 септември, секоја година. За сите заинтересирани кандидати за претстојниот повик, фондацијата ќе организира онлајн консултативен состанок на 26 февруари во 10 часот. Деталите за состанокот може да ги најдете на следниов линк:
https://www.dbu.de/foerderung/moe-fellowship/foerderung-beantragen/