Проф. Никола Стиков ги има завршено дипломските и докторските студии на Универзитетот Стeнфорд (САД), а моментално е професор по биомедицински инженеринг на Политехничкиот Универзитет на Монтреал, Канада. Неговите истражувања се во областа на квантитативната магнетна резонанса и нејзината примена во проучувањето на невродегенеративни болести. Проф. Стиков е Junior Fellow на Меѓународното здружение за магнетна резонанса во медицината и ја предводи секцијата за отворена и репродусибилна наука во склоп на здружението. Тој е исто така и член извршниот комитет на Канадската платформа за отворена невроноаука, каде што ја предводи секцијата за научно издаваштво. Во последниве неколку години Проф. Стиков е посветен на иницијативата за поефективна и координирана научна комуникација меѓу научниците родум од Македонија, a истовремено се залага и за поголема достапност на науката до пошироката јавност преку Фондација КАНТАРОТ и иницијативите С(ц)иеста и Наука за Деца.
Рoзита Димова е социјален антрополог. Работела како постдокторски соработник на Институтот за социјална антропологија Макс Планк, научен соработник на Слободниoт и Хумболт универзитетите во Берлин, и вонреден професор по студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Гент. Розита исто така е основач и постојан член на одборот на Центарот за напредни и интердисциплинарни истражувања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, Република Северна Македонија. Таа има над педесетина публикации, и е автор на Етно-барок: Материјалност, естетика и конфликт во модерна Македонија (Berghahn , 2013) и Гранична порозност: Движења на луѓе, предмети и идеи на јужниот дел на Балканот (Manchester University Press, 2021). Откако помина долг пат во својата академска кариера – од Македонија, каде што дипломираше, преку програми за постдипломски студии на ЦЕУ во Будимпешта (Унгарија), Кембриџ (Велика Британија) и Стенфорд (САД), до пост-докторските студии и професионални ангажмани во Германија и Белгија – конечно има можност да учествува во академскиот живот во родната земја. За својот докторат на Стенфорд, Розита ја доби престижната награда Robert Texture Award за исклучителна антрополошка креативност. Тука ја истражуваше улогата на материјалноста, естетиката, и нивните симболични ефекти врз секојдневните практики на потрошувачка, како и меѓусебната изградба на етничките, социјални и родови идентитети во Југоисточна Европа. Во најновиот проект за границите Розита анализира на кој начин движењата на предмети и луѓе преку границите го надминуваат национализмот. Овој проект се базира на долгорочно етнографско истражување во пограничните градови во јужниот дел на Македонија (Битола и Гевгелија) кои станаа популарни дестинации каде грчките граѓани.