Почетна | Новости | 24.05.2025


Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, „Св. Кирил и Методиј“

Вчера со гордост го прославивме патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој веќе 76 години е темел на високото образование и научната мисла во нашата земја.

Во чест на овој значаен ден, беа наградени најдобрите дипломирани студенти за академската 2023/24 година:
-Харитина Сакова, дипломирала на Машинскиот факултет;
-Стефан Кофиловски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“;
-Ана Марија Наумовска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“;
-Душица Брачиќ, дипломирала на Природно-математичкиот факултет;
-Јана Видановска, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-Рената Павлеска, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-Димитар Пешевски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;
-Марко Величковски, дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје;
-Никола Ристевски, дипломирал на Филозофскиот факултет;
-Давид Стојаноски, дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“;
-Ања Даниловска, дипломирала на Економскиот факултет;
-Софија Станческа, дипломирала на Економскиот факултет;
-Анастасија Петличковска, дипломирала на Медицинскиот факултет;
-Мими Дучева, дипломирала на Факултетот за музичка уметност;
-Ведран Чешарек, дипломирал на Факултетот за драмски уметности;
-Фросина Димоска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет;
-Ивана Крстаноска, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“;
-Никола Тренов, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности;
-Беса Исмаили, дипломирала на Градежниот факултет;
-Стефан Лакордов, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“;
-Васка Зарковска, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет;
-Сара Ацковска, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна;
-Кристијан Ристовски, дипломирал на Архитектонскиот факултет;
-Анастазија Јеринчева, дипломирала на Стоматолошкиот факултет;
-Ненад Димковски, дипломирал на Факултетот за ветеринарна медицина;
-Мила Чолакоска, дипломирала на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер;
-Надица Кремшовска, дипломирала на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Беше доделена и наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2023/2024 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, што се доделува од средствата на фондацијата „Франц Манинг“. Наградени се студентите:
-Никола Ристевски, Филозофски факултет;
-Ана Марија Наумовска, Правен факултет „Јустинијан Први“;
-Ања Даниловска, Економски факултет;
-Софија Станческа, Економски факултет;
-Нина Насеска, Филолошки факултет „Блаже Конески”;
-Марта Митева, Архитектонски факултет;
-Талија Ѓорѓиева, Факултет за драмски уметности.

Да продолжиме по патеката на знаењето и духовноста, инспирирани од делото на светите браќа!