Почетна | Новости | 05.10.2024


На ден 27.9.2024 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на природно-математичките науки, медицинските науки и здравството и техничко-технолошките науки

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 15 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Природно-математичкиот факултет, Стоматолошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.

Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12;00 часот.

Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:

1. Бедрије Беџети
Доктор на математички науки

2. Пеце Шаровски
Доктор по хемиски науки

3. Златко Лозановски
Доктор на хемиски науки

4. Редона Беџети
Доктор на физички науки

5. Мерита Бајрами
Доктор по математички науки

6. Данчо Бизевски
Доктор по стоматолошки науки – орална хирургија

7. Буњамин Џафери
Доктор по стоматолошки науки – орална хирургија

8. Ирена Стојанова
Доктор по стоматолошки науки – орална хирургија

9. Нада Ристеска
Доктор по стоматолошки науки – орална патологија и пародонтологија

10. Ана Чолакоска Цилакова
Доктор на технички науки од областа електротехника и информациски технологии

11. Кирил Демерџиев
Доктор на науки – техничко-технолошки науки од областа метрологија

12. Горан Деспиноски
Доктор на техничко-технолошки науки од областа електротехника и информациски технологии

13. Бојана Величковска
Доктор на технички науки од областа електротехника и информациски технологии

14. Бојан Илијоски
Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика

15. Костадин Мишев
Доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство

Сите фотографии може да ги најдете на линкот https://photos.app.goo.gl/k77B34ezv7fqQZMa9