На свеченото отворање на 58. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, ректорката проф. д-р Билјана Ангелова ги врачи благодарниците „Синергии“ и ја додели наградата „Воздејства“
✨ На свеченото отворање на 58. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, во знак на признание за посебен придонес во поддршка на афирмација на македонистиката, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, врачи благодарници „Синергии“ на:
🇲🇰 проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседател на Република Северна Македонија и генерален покровител на 58. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
🇲🇰 м-р Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии
На отворањето ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова ја додели и наградата „Воздејства“, во знак на признание за исклучителни, долготрајни и повеќедецениски достигнувања и придонес во научноистражувачката и културната афирмација на македонистиката. Оваа престижна награда му беше врачена на проф. д-р Маќеј Кавка од Република Полска.
📚 Со овие признанија ја продолжуваме мисијата за ширење и јакнење на македонистиката низ светот.