Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, Институтот за хемија при ПМФ, најдобар научник за природно-математички науки

✨Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија при ПМФ е добитничка на Наградата на УКИМ за најдобар научник во природно-математички науки за 2024 година.
Признанието го потврдува нејзиниот долгогодишен придонес во современата хемија и високата меѓународна видливост на нејзините истражувања.
Таа се занимава со научни истражувања од современата хемија, со фокус на примена и развој на напредни аналитички и инструментални методи за анализа на органски соединенија од значење за животната средина, храната, природните и фармацевтски производи. Истражувањата ги поврзуваат фундаменталните знаења со актуелни предизвици и придонесуваат кон развој на поодржливи решенија.
Во 2024 година остварува висока научна продуктивност – трудови во релевантни меѓународни списанија и конференции, вклученост во проекти и соработка со други истражувачки групи. Со тоа, проф. ПетрескаСтаноева ја зацврстува улогата на ПМФ и на УКИМ на меѓународната научна мапа.✨


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)