Награда „26 Јули – Франк Манинг“
По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, меѓу бројните земји, организации и поединци, помош на скопје му укажа и Франк Харкорд Манинг, филантроп од Лондон, Велика Британија, изразувајќи ја на тој начин својата љубов и привраност кон градот Скопје. За време на престојот во Скопје, во 1977 година, Франк Манинг изрази желба секоја година да доделува награди на најдобрите студенти на завршна година на студии од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на нашиот Универзитет. Неговата желба е реализирана на 30 јуни 1980 година, со донесување на одлука на Универзитетското собрание за доделување награда по името „26 јули 0 Франк Манинг“.
Првите награди се доделени на 18 јули 1980 година, на најдобрите студенти на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет. Во 1983 година, во рамките на својот престој во Скопје по повод одбележувањето на 20-годишнината од катастрофалниот земјотрес, основачот на наградниот фонд, Франк Харкорд Манинг, го посети Универзитетот и лично присуствуваше на доделувањето на наградите. Наградата „26 јули “, по желба на донаторот Франк Харкорд Манинг – почесен граѓанин на градот Скопје и основач на наградниот фонд се доделуваат секоја учебна година на најдобрите студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Чинот на врачувањето и доделувањето на оваа награда е симболично поврзан со историјата на градот Скопје со трагичниот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година. |
Наградени студенти со наградата „26 јули – Франк Манинг“ за учебната 2023/2024 година
Филозофски факултет
Правен факултет „Јустинијан Први“
Економски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески”
Архитектонски факултет
Факултет за драмски уметности
|