Награди за студенти на прв циклус студии кои дипломирале со најдобар успех
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се доделуваат награди на студенти кои дипломирале со најдобар успех на прв циклус студии на факултетите на Универзитетот.
Наградите за најдобро дипломираните студенти се доделуваат еднаш годишно, на по еден најдобро дипломиран студенти на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот во секоја учебна година. Критериуми за најдобро дипломиран на прв циклус студии се:
Доколку на факултетот има повеќе студенти кои дипломирале со еднаква просечна оценка на студиски програми со еднакво времетраење и еднаков број на кредити, предност има студентот кој порано ги исполнил сите обрски предвидени со студиската програма и изработил и успешно одбранил дипломски труд или положил завршен испит, во рокот. Изборот на најдобро дипломиран студент се врши од страна на факултетот, секоја учебна година и податоците за избраниот најдобро дипломиран студент се доставуваат до Универзитетот. Наградите на студентите кои дипломирале со најдобар успех свечено се врачуваат во рамките на прославата по повод патрониот празник на Унивезритетот – 24 мај. Свеченото врачување на наградите го врши ректорот на Универзитетот. |
Наградени најдобро дипломирани студенти за учебната 2023/2024 годинa
1. Душица Брачиќ, дипломирала на Природно-математичкиот факултет, на студиската програма – Етнологија и антропологија, со средна оценка 10,00.
2. Јана Видановска, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика, со средна оценка 10,00. 3. Стефан Кофиловски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на студиската програма – Правни студии, со средна оценка 10,00. 4. Ана Марија Наумовска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на студиската програма – Правни студии, со средна оценка 10,00. 5. Рената Павлеска, дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на студиската програма – Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика, со средна оценка 10,00. 6. Димитар Пешевски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма – Компјутерски науки, со средна оценка 10,00. 7. Харитина Сакова, дипломирала на Машинскиот факултет, на студиската програма Енергетика и екологија, со средна оценка 10,00. 8. Марко Величковски, дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, на студиската програма – Физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,98. 9. Никола Ристевски, дипломирал на Филозофскиот факултет, на студиската програма – Филозофија, со средна оценка 9,98. 10. Давид Стојаноски, дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на студиската програма – Општа и компаративна книжевност, со средна оценка 9,98. 11. Ања Даниловска, дипломирала на Економскиот факултет, на студиската програма – Е- бизнис, со средна оценка 9,97. 12. Софија Станческа, дипломирала на Економскиот факултет, на студиската програма – Е-бизнис, со средна оценка 9,97. 13. Анастасија Петличковска, дипломирала на Медицинскиот факултет, на студиската програма – Општа медицина, со средна оценка 9,92. 14. Мими Дучева, дипломирала на Факултетот за музичка уметност, на студиската програма – Пијано, со средна оценка 9,90. 15. Ведран Чешарек, дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на студиската програма – Драмски актери, со средна оценка 9,75. 16. Фросина Димоска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет, на студиската програма – Магистер по фармација, со средна оценка 9,72. 17. Ивана Крстаноска, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма – Одделенска настава на македонски наставен јазик, со средна оценка 9,67. 18. Никола Тренов, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, на студиската програма – Сликарство/ конзервација и реставрација , со средна оценка 9,61. 19. Беса Исмаили, дипломирала на Градежниот факултет, на студиската програма – Градежништво, со средна оценка 9,58. 20. Стефан Лакордов, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на студиската програма –Општа теологија, со средна оценка 9,58. 21. Васка Зарковска, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет, на студиската програма – Прехранбена технологија и биотехнологија, Модул: Биотехнологија, со средна оценка 9,52. 22. Сара Ацковска, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна, на студиската програма – Анимална биотехнологија, со средна оценка 9,49. 23. Кристијан Ристовски, дипломирал на Архитектонскиот факултет, на студиската програма – Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,24. 24. Анастазија Јеринчева, дипломирала на Стоматолошкиот факултет, на студиската програма – Интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина, со средна оценка 9,23. 25. Ненад Димковски, дипломирал на Факултетот за ветеринарна медицина, на студиската програма – Ветеринарна медицина, интегриран прв и втор циклус на студии, со средна оценка 9,17. 26. Мила Чолакоска, дипломирала на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на студиската програма – Дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,15. 27. Надица Кремшовска, дипломирала на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, на студиската програма – Екоинженеринг и екоменаџмент, со средна оценка 9,09. |