УКИМ СОЗДАВА ИДНИНА: Со квалитет до извонредност
На 27 октомври 2025 година, се одржа првиот Форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под мотото „Со квалитет до извонредност“.
На настанот присуствуваа: министерката за образование и наука, ректори на јавни и приватни универзитети, претставници од Агенцијата за квалитет во високото образование, декани, директори на единици, сенатори, студенти и претставници од деловната заедница.
Целта на форумот е да се создаде трајна платформа за дијалог, инспирација и размена на добри практики, насочена кон унапредување на системот за обезбедување на квалитет во високото образование.
На форумот беа споделени добри практики од единиците на УКИМ и од стопанството.
На УКИМ веќе се спроведуваат значајни промени:
– Формиран е Центар за квалитет со вклученост на студенти, академски кадар и стопанството.
Усвоени се Стратегија, Правилник и Годишен акциски план за обезбедување на квалитет (2024–2029)
Спроведени се 38 обуки и менторски сесии, воспоставен е нов софтвер за анкети, и воведени се нови индикатори за научна, практична и меѓународна извонредност.
Како што истакна ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова: „Квалитетот не е крајна цел – тој е процес што го градиме заедно, со визија, посветеност и заедништво.“
УКИМ се менува. И тоа – со знаење, со визија и со заедништво.✨










Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)