Универзитетски совет
Универзитетскиот совет врши надзор над извршувањето на дејноста на Универзитетот, задачите на Универзитетот во согласност со закон, законитоста на неговото работење, рационалната употреба на кадровските и материјалните ресурси и врши други работи утврдени со актот за основање и овој Статут. Во рамките на надлежностите, предлага мерки до органите на Универзитетот за доследно извршување на дејноста и задачите на Универзитетот, укажува на незаконските акти и дејствија на Универзитетот и на единиците, предлага мерки за рационално користење на кадровските и материјалните ресурси на Универзитетот и на единиците, се грижи за заштита на автономијата на Универзитетот и презема мерки во случај на повреда на автономијата на Универзитетот, најмалку еднаш годишно доставува информација до министерството надлежно за работите на високото образование и до Сенатот на Универзитетот, и врши други работи од значење за Универзитетот и за единиците. Во својата работа не може да преземе дејствија со кои се ограничува и повредува автономијата на Универзитетот. Универзитетскиот совет избира претседател од редот на своите членови. |
Членови на Универзитетскиот совет
Универзитетскиот совет брои 11 члена: 5 члена именувани од Сенатот
2 члена именувани од УСС
1 член именуван од најрепрезентативната организација на работодавачите во Република Македонија
3 члена именувани од Собрание
|