Детско престапништво и правда за деца

Детско престапништво и правда за деца
Детали за книгата
- Автор: проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Горан Мисоски, проф. д-р Олга Кошевалиска, проф. д-р Лазар Нанев
- ISBN: 978-9989-43-527-0
- CIP: 343.95-053.6(497.7)(075.8)
316.624/.2-053.6(497.7)(075.8)
342.7-053.2(497.7) - DOI: 0
- Јазик: Македонски
- Година: 2025
- Број на страници: 304
- Апстракт: Учебникот под наслов „Детско престапништво и правда за деца“ изработен со цел да одговара на потребите на силабусот по предметот Малолетничко казнено право, што се предава како задолжителен предмет на вториот циклус на студии по казнено право на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Во рамките на овој учебник се обработуваат поимот и основните карактеристики на детското престапништво, најзначајните теории врз основа на кои што се темели детското престапништво, етиологијата, односно егзогените и ендогените фактори на детското престапништво, како феноменологијата на детското престапништво. Поимот дете и категориите на деца во ризик и категориите на деца што подлежат на кривична одговорност како и карактеристиките, изворите и начелата на постапката спрема детето согласно националното законодавство, заедно со санкциите спрема децата, како и нивното дејство се дел од темите кои се наменети за изучување од страна на нашите студенти. Изучувањето на начелата на ресторативната правда и медијацијата, како особено значајни концепти за решавање на детското престапништво преку заштита на интересите на децата, но истовремено и нивно воспитување во здрави индивидуи кои што би ги прифатиле и почитувале општествените норми во иднина, се особено значаен дел од овој учебник, кој како таков е корисен не само за студентите, туку и за пошироката читателска публика која што се занимава со обработка на детското престапништво.
- Преземи: Преземи PDF
ᐸ Назад кон сите Е-Книги