Дизајн на електронски уреди

Дизајн на електронски уреди
Детали за книгата
- Автор: д-р Атанас Танушевски
- ISBN: 978-9989-43-509-6
- CIP: 621.38-11(075.8)
- DOI: 0
- Јазик: Македонски
- Година: 2024
- Број на страници: 273
- Апстракт: Во денешно време мерењето, регистрацијата и запишувањето на одредена физичка величина се прави со инструменти и апарати, без разлика дали тие се со мали димензии и преносливи или се масивни. Затоа, во книгата Дизајн на електронски уреди се изучуваат различни уреди, кои наоѓаат примена во инструменти и апарати. Во зависност од нивната примена, напојувањето на инструментите и апаратите може да биде со напон од градска мрежа или напонот ќе биде со друга форма и фреквенција. Друг вид на уреди се електро-акустичните уреди за трансформација на електрична енергија во енергија на акустични (звучни) бранови и обратно. Исто така, се изучуваат електростатско-механички претворувачи и механичко- електростатско претворувачи. Типичен преставник на овие уреди е пиезоелектричен претворувач, којшто се применува во мерната технологија, безконтактно тестирање на материјали, медицината и електрониката.
Покрај тоа, електронските уреди можат да бидат во форма на технологија на дебел филм и технологија со тенок филм. Овие електронски уреди се поставуваат на штампани плочи, со помош на технологија на поврзување со помош на плочка со дупчиња (THT) и технологија на поврзување со помош на залемување на површината на плочката (SMT). Во современите инструменти и апарати посебно место има операциониот засилувач, кои можат да служат за автоматска регулација, т.е. контрола на процеси, со отворена повратна врска и затворена повратна врска.
Посебна примена на аналогните уреди е нивна примена во инструмените, кои се базираат на движење на подвижна намотка во постојано магнетно поле. Друг вид на инструменти се дигитални волтметри. Посебен интерес е прикажувањето на вредноста на измерената величина на екранот на даден инструмент. Во дигиталните инструменти отчитувањето на вредноста на величината е во форма на бројки од декадниот систем. Исто така, од интерес е контрола на мерењето со помош на допир на екранот со течни кристали. Затоа, се изучува екран со отпорни електроди и екран со површински капацитивен сензор. - Преземи: Преземи PDF


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)