Почетна | Новости | 26.09.2025


Покана за „Прв академски час“

Драги бруцоши,

Со радост и искрено задоволство ве покануваме на Првиот академски час кој традиционално се одржува по повод почетокот на новата академска година. Настанот ќе се одржи на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Универзитетот и Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Оваа свеченост е посветена на вас – новите студенти, кои станувате дел од најголемата и најстарата академска заедница во нашата држава. Првиот академски час е симбол на нови почетоци, исполнети со предизвици, можности и успеси кои ве очекуваат во текот на студиите.

Датум: 1 октомври 2025 година
Време: 10:00 часот
Локација: Плато на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

На настанот ќе присуствуваат претставници на универзитетската заедница, студентските организации, како и претставници од компании кои се дел од општествениот и бизнис живот, со што се овозможува дополнителна поддршка и поврзување на академската и професионалната сфера.

Ве охрабруваме да бидете дел од овој важен момент и заедно да го одбележиме стартот на вашата нова животна авантура – студентските денови.

ПОКАНА – ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС