Летната школа NEW ART FOR(U)M насловена „Мултипликација на пејзажот“
Во ноември 2025, се отвори изложба со претставувањето на делата на учесниците на најновата, трета сесија на Летната школа NEW ART FOR(U)M насловена „Мултипликација на пејзажот“.
Учесници: Ана Ѓорѓиевска, Ана Томовска, Благоја Стојаноски, Илина Кулевска, Марија Костадиновска, Мери Арсовска, Михаил Јованоски и Нина Бубулевска, студенти на ФЛУ-УКИМ; Ине Пуленс, Милика Слаатс, Никол Ван Хоф и Суус Ријкес од Фонтис академијата за уметности од Тилбург, Холандија
Четврток, 27.11.2025, 19 часот
Галерија ФЛУ (нас. Тафталиџе)
Факултет за ликовни уметности при УКИМ – Скопје
Проектот NEW ART FOR(U)M е замислен и воспоставен како традиционална летна школа организирана од Факултетот за ликовни уметности, УКИМ-Скопје. Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи.
Оваа сесија на летната школа се осврнува кон фотографијата како платформа за креативно конципирање и интерпретација на интердисциплинарно уметничко дело.
Учесниците имаа можност да се запознаат, теоретски и практично со фотографскиот медиум, со начинот на работа на фотографските камери и нивната употреба во различни светлосни услови. Во оваа прилика пејзажната фотографија беше третирана како документарна фотографија, како дел од покомплексно уметничко дело или фотографија како основа за настанување на мултимедиумско дело.
Сесијата беше одржана во населено место Лазарополе (Општина Маврово и Ростуше).
Проектот NEW ART FOR(U)M e поддржан од: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку фондот на ИКСССА, Министерство за култура, Europe House Skopje, Fontys Academy of the Arts


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)