Почетна | Новости | 01.04.2026


Меморандум за соработка помеѓу УКИМ и Државниот Универзитет на Аризона

Со цел унапредување на меѓународната академска соработка и јакнење на глобалната поврзаност, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со Државниот Универзитет на Аризона, САД.

Меморандумот воспоставува рамка за развој на заеднички активности, вклучително и размена на студенти и наставен кадар, организација на научни настани и споделување на академски искуства и практики.

Соработката, како и потпишувањето на Меморандумот, произлегуваат од посетата на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска на Државниот Универзитет на Аризона, реализирана во рамки на проектот на Меѓународната организација за миграции (International Organization for Migration – IOM) со наслов „Поддршка на иницијативите за ангажман на дијаспората за привлекување на знаење и експертиза во Северна Македонија“.

УКИМ останува посветен на развој на стратешки партнерства со водечки светски универзитети и меѓународни организации, во насока на унапредување на квалитетот во високото образование и зајакнување на својата меѓународна позиционираност.

#UKIM #InternationalCooperation #ArizonaStateUniversity #IOM