Синтеза на традицијата и современиот ликовен израз – од идеја до реализација

✨Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поддржува проекти од средствата за информативни, културни, спортски студентски сервиси и други активности.
Посебната специфика на Проектот “Креативна азбука” е мултидисциплинарно вмрежување и реализација во соработка помеѓу Факултетот за ликовни уметности – Скопје, со Катедрата по ликовна педагогија и Филозофскиот факултет – Скопје, со Институтот за педагогија.
Преку посветената и креативна работа на вклучените студенти од ФЛУ се изработени 31 графичко дело.
Посебна вредност е поддржаната иницијатива од страна на Ректоратот на УКИМ, која резултира со постојана изложба на графичката мапа на таканаречениот “Ѕид на Креативна азбука”.
На овој начин Ректоратот останува отворен за посетители од академската и студентската фела, но и за пошироката јавност.
Уште еднаш се потврдува, дека УКИМ обединува и има големи потенцијали.
Во наредниот период ќе следува отворање на изложбата и можноста да се види и да се ужива во креативноста на студентите.✨







Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)