Еразмус: од едно разочарување до европски сон
Пишува: Даниел Шикоски, студент на Педагошки факултет
Денес, доколку пребараме за Ерасмус+ на мрежите и видиме колку проекти се реализираат постојано, несомнено ќе заклучиме во овој на многу места низ Европа се случуваат многу проекти од Еразмус Плус – младински или студентски размени, тренинг курсеви, волонтерски ангажмани или било што друго. Милиони млади луѓе патуваат во странство и работат на својот личен развој благодарение на Ерасмус + програмата.
Ова не било отсекогаш така. Некогаш, пред повеќе децении незамисливо било студент да патува во странство и таму да ги заврши или да помине барем дел од своите студии, а патот од тоа, до она што денешните млади го живеат не бил ниту малку лесен и едноставен.
Како се започнало? Денес Ерасмус+ е под капата на ЕУ. Многумина мислат дека токму Европската Унија ја има создадено оваа програма. Но оваа програма е постара од ЕУ. Младите европјани преку оваа програма патувале на студии во странство уште во 1987 година, кога Европската унија како што денес ја знаеме била далечен сон. ЕУ тогаш функционирала како ЕЕЗ – Европска Економска Заедница .
Имено приказната за Ерасмус+ програмата започнува во далечната 1957 година во Рим – Италија кога една млада студентка по име Софиа Коради, денес позната како „Erasmus mom“ добила стипендија од реномиран универзитет во Колумбија. Последната година од нејзините магистерски студии по право да ја заврши таму , но кога по една година, поточно 1958 година, по успешно завршување на студиите се вратила во Рим, на нејзиниот матичен факултет и кажале: „Ние не знаеме што е тоа Колумбија. За нас тоа е само обичен одмор. Повтори ги сите испити.“ Софиа Коради од тоа била многу разочарана и навредена, но сепак не се откажала, туку успешно ги положила испитите, а потоа иако добивала многу високи понуди за работни ангажмани, таа сепак поради револтот кој го имала кон она што и се случило одлучила да остане на универзитетот како професорка со цел да лобира, да се креира програма која ќе им овозможи на младите европјани да дел од своите студии да ги завршуваат во странство. Па така, таа поминала цели 18 години лобирајки кај многу ректори и министри низ цела Европа, на студентите да им ги признаваат студиите завршени во странство. Но, сепак за големите држави како Франција, Германија, Велика Британија идеата за ваква меѓународна програма не била прифатлива бидејќи не сакале никој да им се меша во нивниот образовен систем, а покрај тоа сметале и дека таквата програма би била многу скапа.
Но, бунтовноста на младите студенти сепак победила. Кога Доменико Ленардуци кој во тоа време бил лукав оперативец и висок функционер во Европската Комисија, а воено силен поддржувач на Ерасмус програмата знаел дека другите политичари нема да го послушаат него. Исто така бил сигурен дека ако не го послушаат него, тогаш сигурно ќе ги послушаат нивните гласачи – младите, па тој веднаш скроил лукав план при што се среќава со Франк Бијанкери – основачот на меѓународната мрежа AEGEE која постои и ден денес исо тоа тој практично им дал на студентите информации кој точно го кочи Ерасмус, по што група од млади студенти успеале да го надмудрат тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, со тоа што му се протнале на ручек и наместо да му зборуваат за образование, тие го убедувале во важноста да ја поддржи програмат авелејќи му: „Ако не ја поддржите таквата програма, ќе останете запаметен меѓу младите како политичар кој на младите им ја затворил Европа.’ По овој блеф на студентите митеран кој важел за политичар со силни амбиции да остане запаметен како визионер кој креира можности за младите, во истиот момент ја променил страната и кога се вратил во Елисејската палата веднаш им дал наредба на неговите министри велејќи: „Франција веќе не е против Еразмус. Најдете начин како програмата да помине по било која цена.“ Со што и самиот тој потоа извршил силен притисок врз другите европски лидери програмата да биде изгласана. Од друга страна Ленардуци кој бил многу близок до тогашниот претседател на Европската Комисија Жан Делор кој останал запаметен по својата реченица за Европа: „Неможеш да се заљубиш во заеднички пазар“, отишол кај него со планот за Еразмус во момемнт кога ЕК била под силен притисок и му кажал дека Без Еразмус ЕЕЗ ќе остане само ладен проект и дека на Европа и треба нешто што ќе биде нејзината душа, а токму Еразмус може да биде тоа. Во тој момент Жан Делор бил сигурен дека она што Ленардуци му го нуди е оружјето кое во тој момент им е најпотребно.
По сето ова, конечно на 15 јуни 1987 година европските лидери во Брисел кажале да за Еразмус.
Овде важно е да се напомене дека и пред ова официјално донесување на програмата, цели 10 години (Од 1976 -1986) ЕК тајно финансирала некои кратки студентски размени со цел да им покаже на европските политичари дека со Еразмус нема младите да си заминат од нивните држави и нема повторно да се вратат таму.
Дури и по официјалното изгласување на програмата, бидејки во тоа време ЕЕЗ не била субјект како што ја знаеме денес и истата немала право да се меша во внатрешниот образовен систем на државите, па заради тоа била тужена од некои од големите држави членки пред судот на правдата дека им се меша во внатрешните работи. Сепак судот пресудил во корист на Еразмус со образложение дека иако образованието не е надлежност на ЕЕЗ, сепак професионалното усовршување на младите е.
Во почетните години на програмата, нејзиниот буџет ни од блиску не бил како денес, тоа бил мал скромен буџет кој и онака се трошел на експерименти со можности за да се види што најдобро ќе функционира
И по сето ова доаѓаме до моментот кога Еразмус станува најисплатливата инвестиција во безбедносната одбрана на државите, односно до формирање на денес познатата Еразмус генерација која се создаде со раѓањето на Еразмус бебињата – деца на парови кои се сретнале на Еразмус проекти. Па така денес Европските лидери со гордост кажуваат дека благодарение на Еразмус создале една цела нова нација и дека тоа е најефтиниот начин да се спречи војна во Европа.
Статијата ја објавува „Авангарда“, студентски гласник на Универзитетскиот комуникациски центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – виртуелен простор каде студентските идеи, предизвици и успеси добиваат глас, видливост и можност да поттикнат позитивни промени во академската заедница.


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)