Почетна | Вести | 26.10.2026


УКИМ со убедлива доминација на светската листа Top 2% Scientists

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја потврдува својата водечка позиција во научноистражувачката дејност во земјата, со најголема застапеност на научници од Република Македонија на светската листа Stanford/Elsevier Top 2% Scientists за 2026 година, како според годишното, така и според кумулативното научно влијание во текот на кариерата.

ГОДИШНО НАУЧНО ВЛИЈАНИЕ (Single-Year Citation Impact)

Според податоците објавени на платформата TOPSCINET, на годишната листа на највлијателните 2% научници во светот се застапени 11 научници од Република Македонија, од кои повеќе од половина (6) се од УКИМ, што претставува 54,5% од вкупниот број научници од земјата.

Научниците од УКИМ застапени на годишната листа во 2026 година се:

  • aкадемик проф. д-р Љупчо Коцарев
  • Проф. д-р Слободан Мицковски
  • Проф. д-р Гоце Б. Спасовски
  • Проф. д-р Билјана Бауер
  • aкадемик проф. д-р Валентин Мирчески
  • aкадемик проф. д-р Леонид Грчев

*Еден научник има двојна институционална припадност на УКИМ и МАНУ, поради што вкупниот број уникатни научници изнесува 11.

 

Во однос на институционалната застапеност, УКИМ се издвојува со 6 научници, по што следуваат Македонската академија на науките и уметностите со 3, Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот во Тетово и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со по еден научник.

КУМУЛАТИВНО НАУЧНО ВЛИЈАНИЕ ВО ТЕКОТ НА КАРИЕРАТА (Career-Long Citation Impact)

Уште позначајна е застапеноста на УКИМ на кариерната листа, која го вреднува долгорочното научно влијание на истражувачите.

Според изданието за 2026 година, 11 од вкупно 15 научници од Северна Македонија, односно 73,3%, се директно евидентирани со институционална припадност на УКИМ, што го позиционира Универзитетот убедливо на првото место во земјата.

Научниците од УКИМ застапени на кариерната листа се:

  • aкадемик проф. д-р Љупчо Коцарев
  • aкадемик проф. д-р Леонид Грчев
  • Проф. д-р Гоце Спасовски
  • Проф. д-р Иван Грозданов
  • Проф. д-р Трајче Стафилов
  • aкадемик проф. д-р Валентин Мирчески
  • Проф. д-р Слободан Мицковски
  • Проф. д-р Билјана Пејова
  • Проф. д-р Билјана Бауер
  • Проф. д-р Марјан К. Ѓушев
  • Проф. д-р Ѓорѓи Димировски

*Еден научник има двојна институционална припадност на УКИМ и МАНУ, поради што вкупниот број уникатни научници изнесува 11.

 

Особено значајно е што бројот на научници од Република Македонија на кариерната листа е зголемен од 10 во претходното издание на 15 во 2026 година, односно за 50%.

Овие резултати ја потврдуваат научната извонредност, меѓународната видливост и долгорочното влијание на истражувањата на УКИМ. Високата застапеност на неговите научници на двете листи претставува признание за континуитетот и квалитетот на научноистражувачката работа, како и за значајниот придонес на Универзитетот во развојот и меѓународната афирмација на македонската наука.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им упатува искрени честитки на своите научници, чии достигнувања претставуваат гордост за академската заедница и дополнителен поттик за понатамошно унапредување на научноистражувачката дејност.

УКИМ – традиција на научна извонредност, знаење со глобално влијание!

Извор: TOPSCINET – Stanford/Elsevier Top 2% Scientists, издание 2026.

Годишна листа:
https://www.topscinet.com/countries/north-macedonia/

Кариерна листа:
https://www.topscinet.com/countries/north-macedonia/2026/career/

#УКИМ #Наука #НаучнаИзвонредност #Top2PercentScientists #ResearchExcellence #ScienceImpact