Почетна | Новости | 05.04.2022


На Уким промоција на доктори на науки

На ден 05.04.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравство.
На свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 9 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет во Скопје.
Промоцијата на доктори на наука беше одржана во аулата на Ректоратот, почитувајќи ги протоколите и мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија, за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:

  1. КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
  2. ГОРАН КОЧОСКИ, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
  3. БИЛЈАНА ЧЕКОРОВА МИТРЕВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина
  4. КИРИЛ МИХАЈЛОВ, доктор на медицински науки – базична медицина од областа на микробиологијата
  5. ЕЛЕНА ПЕТКОВИЌ, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на трансфузиологијата
  6. МАРИЈА ТОЛЕСКА ДОНЕСКА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата, реанимацијата и интензивното лекување
  7. РОСА СПАСОВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
  8. СВЕТЛАНА КРСТЕВСКА БЛАЖЕВСКА, доктор на науки по јавно здравство
  9. ЕЛЕНА ЦУРАКОВА РИСТОВСКА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата