Почетна | Новости | 30.10.2024


Глобален медиумски интерес The Guardian, Indipendent, La Republica

Глобален медиумски интерес за публикацијата на професорот д-р Александар Узунов од УКИМ

 

 

Покрај статијата за научниот труд за присуството на азиската џуџеста пчела во Европа, објавена во National Geographic Espana, информацијата се сподели од бројни медиуми низ светот, меѓу кои престижните The Guardian, Indipendent, La Republica, Malta Daily, а беше преведена и на десетици други јазици.

 

Трудот, на кој прв автор е професорот Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје при УКИМ, привлече големо внимание и беше коментиран од повеќе еминентни универзитетски професори од Англија и САД. Тие се согласуваат со заклучоците во трудот дека е реален ризикот за трансфер на патогени, со кои би се загрозиле локалните медоносни пчели (Apis mellifera) во Европа, а и дека Apis florea може да претставува сериозен конкурент на автохтоните опрашувачи во однос на пристапот до полен и нектар.

 

 

 

 

На следниот ЛИНК, може да се пристапи до статијата на The Guardian.

 

До трудот, може да се пристапи преку следниот ЛИНК.