Центар за отворена наука

Центарот за Отворена Наука при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) e институционална единица посветена на унапредување и примена на принципите на отворена наука: транспарентност, соработка, пристапност и повторливост во научно-истражувачката и уметничката работа. Центарот поддржува студенти, истражувачи и академски персонал преку обуки, ресурси, инфраструктура и консултантска поддршка.

Мисија

ЦОН има за цел да ја води културната трансформација кон отворена наука на УКИМ и пошироко, преку:

  • Поддршка во развојот на компетенции за отворена наука
  • Обезбедување услуги и ресурси за целиот истражувачки циклус
  • Промоција на соработка и интероперабилност на истражувачките резултати
  • Унапредување на транспарентноста и влијанието на истражувањата.

Визија

ЦОН се стреми да стане водечки центар на УКИМ за примена на отворена наука, кој ќе придонесе кон:

  • поголема видливост на научните резултати
  • културна промена во истражувачката заедница
  • поттикнување на иновации и меѓународна соработка.

 

Што нуди ЦОН?

Обуки и едукација

Центарот организира работилници, семинари и тренинзи за студенти, истражувачи и научно-педагошки кадар за развивање вештини поврзани со отворена наука, FAIR пракси за податоци, управување со истражувачки податоци, пристап до отворени библиотеки и слично.

Ресурси

Обезбедуваме бесплатни едукативни материјали и алатки фокусирани на различни фази од истражувачкиот процес, со цел поддршка при практична примена на отворени научни практики.

Лабораторија за Отворена Наука

Центарот нуди инфраструктура за пресметки и складирање за истражувачи и студенти, за работа на отворени истражувачки проекти и практична примена на отворени научни алатки.

Развој и Поддршка

ЦОН нуди стручни насоки за развој и имплементација на политики за отворена наука, управување со податоци и усогласување со меѓународни и европски стандарди.

 

Настани и активности

Центарот редовно организира и/или поддржува настани кои може да се најдат на веб страницата на центарот: https://osc.ukim.edu.mk/

 

Структура на Центарот за Отворена Наука

Раководител

Проф. д-р Соња Филипоска е координатор на Центарот за Отворена Наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа ја води работата на Центарот, го координира развојот на услуги, обуки и поддршка за промоција на принципите на отворена наука низ целата Универзитетска заедница.

Управен одбор на Центарот за Отворена Наука

Центарот го поддржува широк управен тим составен од претставници на клучни научни и академски области на УКИМ. Воспоставен е управен одбор кој ги вклучува следниве членови претставници на различните научно-уметнички домени на УКИМ:

  • Проф. д-р Соња Филипоска — Раководител
  • Проф. д-р Валентина Гечевска — Проректор за наука
  • Проф. д-р Анастас Мишев — Претставник на EOSC
  • Проф. д-р Владимир Трајковиќ — Технички науки
  • Проф. д-р Владимир Трајковски — Хуманистички науки
  • Проф. д-р Анета Цекиќ — Општествени науки
  • Проф. д-р Павлина Џекова Видимлиски — Медицински науки
  • Проф. д-р Ордан Чукалиев — Земјоделски и ветеринарни науки
  • Проф. д-р Игор Сековски — Уметнички науки
  • Проф. д-р Љупчо Пејов — Природни науки

Избраниот тим претставува разновидна експертиза што ја покрива целата универзитетска заедница и ја поддржува имплементацијата на отворени научни практики.

 

Контакт

Центар за Отворена Наука – УКИМ

Бул. Гоце Делчев бр. 9, Скопје

📧 osc@finki.ukim.mk

🌐 https://osc.ukim.edu.mk/