Почетна | Новости | 30.08.2025


Денес започна 52. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, најзначајниот академски собир посветен на македонскиот јазик, литература и култура

Вчера започна 52. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, најзначајниот академски собир посветен на македонскиот јазик, литература и култура.

На свеченото отворање свои обраќања имаа:
🎓 проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
🎓 проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ и
🎓 академик Живко Попов, претседател на МАНУ.

Во нивните инспиративни говори беше подвлечено значењето и развојот на македонскиот јазик, литература и култура, како и улогата на МСМЈЛК во афирмацијата на нашето национално наследство на меѓународната научна сцена.