ПОЛИТИКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
Со цел спречување на корупција во академската заедница во приложената Нацрт-политика за спречување на корупција на Универзитетот определени се обврските и должностите на Универзитетот, како и на единиците во неговиот состав и на вработените вклучително наставниот, соработничкиот и административниот кадар на Универзитетот.
|
Изработка на нацрт универзитетска политика
Нацрт политиката и другата приложена документација е изработена во рамките на проектот „Универзитет без корупција“ кој со учество на претставници на Универзитетот се реализира од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација во Скопје со поддршка на Амбасадата на САД во Р Северна Македонија. |
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
Александра Донева, a.doneva@ukim.edu.mk, (02) 3293-273 |