Термоенергетски постројки

Термоенергетски постројки
Детали за книгата
- Автор: проф. д-р Доне Ташевски, вонр. проф. д-р Игор Шешо, проф. д-р Славе Арменски
- ISBN: 978-9989-43-511-9
- CIP: 621.4(075.8)
621.311.22/.23(075.8) - DOI: 0
- Јазик: Македонски
- Година: 2024
- Број на страници: 488
- Апстракт: Материјалот опфатен во книгата Термоенергетски постројки, во целост ги покрива содржините предвидени со наставните програми за дисциплината „Термоенергетски постројки” усвоена од Наставно-научниот совет на Машинскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Материјалот во книгата е изработен како резултат на повеќегодишно изведување на настава, аудиториски и лабораториски вежби по предметот „Термоенергетски постројки”, а е обработен во десет поглавија:
1. Термоенергетски постројки – општи согледувања
2. Парнотурбински термоенергетски постројки
3. Гаснотурбински термоенергетски постројки
4. Комбинирани когенеративни термоенергетски постројки
5. Постројки кои се составен дел на парнотурбински ТЕП
6. Постројки кои се составен дел на гаснотурбински и комбинирани ТЕП
7. Снабдување на термоенергетските постројки со гориво
8. Локација на термоенергетските постројки
9. Термоенергетски постројки и екологија
10. Експлоатација и одржување на ТЕП
Во содржината на книгата се опфатени сите современи термоенергетски постројки за производство на електрична и топлинска енергија почнувајќи од парнотурбински, гаснотурбински и комбинирани (парно-гасно турбински) постројки, а не се изоставени и постројките со мотори со внатрешно согорување. Исто така, во книгата се опфатени и постројките кои се составен дел на парнотурбинските и гаснотурбинските, како: парни и гасни турбини, кондензатори, дегазатори, системи за ладење, комори за согорување, котли утилизатори и др. Во посебни поглавија се опфатени снабдувањето на термоенергетските постројки со гориво, избор на постројката и локацијата, екологијата и постапувањето при експлоатација и одржување.
Книгата „Термоенергетски постројки” е наменета за студентите од прв циклус на студии на Машинскиот факултет во Скопје на насоките Термичко и енергетско инженерство и Енергетика и екологија на кои оваа област од техниката им е посебна специјалност, но може да им послужи како основа и на студентите од втор циклус на студии на истите насоки, како и на инженерите во практиката од об¬ласта на термоенергетиката - Преземи: Преземи PDF


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)