Нуклеарни термоцентрали

Нуклеарни термоцентрали
Детали за книгата
- Автор: проф. д-р Доне Ташевски, вонр. проф. д-р Игор Шешо
- ISBN: 978-9989-43-510-2
- CIP: 620.93(075.8)
621.311.25(075.8) - DOI: 0
- Јазик: Македонски
- Година: 2024
- Број на страници: 454
- Апстракт: Материјалот опфатен во книгата Нуклеарни термоцентрали, во целост ги покрива содржините предвидени со наставната програма за дисциплината „Нуклеарни термоцентрали” на прв циклус студии усвоена од Наставно-научниот совет на Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Материјалот во книгата е изработен како резултат на повеќегодишно изведување на настава и аудиториски вежби по наведениот предмет, а е обработен во единаесет поглавија:
1. Нуклеарна енергија и енергетика – општи согледувања
2. Нуклеарна физика
3. Физика на нуклеарен реактор
4. Фисија
5. Извoри и пренос на топлина кај нуклеарните реактори
6. Материјали за нуклеарните реактори и специјални технологии
7. Концепција на енергетските нуклеарни реактори
8. Конструктивни елементи на енергетските нуклеарни рeактори
9. Нуклеарни термоцентрали
10. Експлоатација и одржување на нуклеарни термоцентрали
11. Перспективни насоки за развој на нуклеарните реактори и НТЕЦ
Во содржината на книгата во поглавјата 1 до 3 се опфатени општите карактеристики на нуклеарните термоцентрали, нуклеарната физика и физиката на нуклеарните реактори. Во поглавијето 4 се обработени основните карактеристики на реакцијата на фисија. Во поглавието 5 се прикажано начините на пренос на топлината во нуклеарните реактори. Во поглавјата 6, 7 и 8 се обработени материјалите кои се користат како гориво, модератор и средство за ладење и за изработка на нуклеарните реактори, како и голем број на конструкции на современи нуклеарни реактори со приказ на конструктивните елементи составен дел на реакторите. Во поглавието се прикажани различни нуклеарнии термоцентрали со сите составни елементи, конципирани ви зависност од типо на реакторот. Во поглавието 10 се прикажани постапките при експлоатација и одржување на нуклеарните термоцентрали, а во поглавјето 11 насоките за иден развој на реакторите и термоцентралите како и перспективни начини за искористување на нуклеарната енергија.
Книгата „Нуклеарни термоцентрали” во основa е наменета за студентите од прв циклус на студии на Машинскиот факултет во Скопје на насоките Термичко инженерство и Енергетика и екологија на кои оваа област од техниката им е посебна специјалност, но може да им послужи како основа и на студентите од втор и трет циклус на истите насоки, како и на инженерите во практиката од об¬ласта на термоенергетиката. - Преземи: Преземи PDF


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)