Иницијативата за вмрежување на европските универзитети во Европски универзитетски алијанси е амбициозна иницијатива на ЕУ, во согласност со Европската стратегија за универзитетите.
Оваа иницијатива се реализира преку воспоставување сојузи помеѓу високо-образовните институции од цела Европа, во форма на Европски универзитетски алијанси, овозможувајки бенефиции за студентите, академскиот кадар и општеството во целина.
Иницијативата за формирање на Европски универзитетски алијанси се спроведува првенствено преку финансирање од програмата Еразмус+.
Целта е подобрување на меѓународната конкурентност на високообразовните институции во Европа и промовирање на европски вредности, извонредност и идентитет.
Со истите цели, помеѓу универзитетите во Европа се формираат Универзитетски алијанси, кои се финансираат од други извори, при што овие алијанси аплицираат за добивање префикс – Европски, преку обезбедување на финансирање од ЕУ програмите.
|
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е член на Универзитетската алијанса Across EU. More here. |