Студентски организации | Други студентски организации

BEST logo

BEST Board of European Students of Technology


 

Студентската организација BEST им помага на европските студенти кои студираат техничко-технолошки науки да станат меѓународно препознаени, вмрежени, а притоа подобро да се запознаат со европската култура и со развивање на капацитети базирани на меѓународни вредности.

BEST создава можности студентите да учат едни од други, преку академски настани и симпозиуми.

Крајната цел е квалифицирање на секој студент за добро работно место, па затоа преку меѓународен центар за кариера се нудат услуги за запознавање со интернационалните хоризонти на пазарот за труд.

Подетални информации, на следниот линк.

 

 

Logo blue

IAESTE – International Association for the Exchange of Students for Technical Experience


 

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија е независна, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса.

ИАЕСТЕ им овозможува на студентите по инженерство, технологии и применети уметности, платени технички пракси во областа на нивните студии.

ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 120 члена.


Подетални информации, на следниот линк.

 

 

Photo

EESTEC – Electrical Engineering Students’ European association


 

Студентската организација EESTEC овозможува вмрежување на студентите по електротехника во меѓународно опкружување, соработка, развој на компетенции, комуникациските вештини, можности за патување во странство, како и персонална, академска и професионална надоградба.

Подетални информации, на следниот here.

 

 

ESTIEM - YouTube

ESTIEM – European Students of Industrial Engineering and Management


 

ESTIEM е организација за европски студенти за индустриско инженерство и менаџмент, кои ги комбинираат технолошките познавања со менаџерските способности. Целта е да се создадат и одржат врски меѓу студенти ширум Европа, како и поддржување на нивниот личен и професионален развој преку екосистемот на ESTIEM.

Во екоситемот се вклучени универзитети, компании, организации и други субјекти заинтересирани за областите на индустриско инженерство и инженерски менаџмент, преку обуки, тренинзи, студиски престои и можности, иновативните идеи да станат реалност.

Подетални информации, на следниот here.

 

 

AIESEC in Austria – Activating youth leadership since 1948

AIESEC – Association Internationale des Étudiants en Sciences Économiques et Commerciales


 

Глобална платформа, каде што младите можат да го истражуваат и развијат својот лидерски потенцијал. Предводена е од студенти и неодамна дипломирани студенти и е неполитичка и независна организација. Нејзините членови се интересираат за светски прашања, лидерство и менаџмент.

Подетални информации, на следниот here.

 

 

Клуб на Оратори - FORUM ORATORES

Клуб на оратори – FORUM ORATORES


 

Клубот на оратори е единствената сертифицирана организација во Република Северна Македонија која се занимава со јавно говорење и реторички вештини. Сите оние кои сакаат да бидат членови се здобиваат со можноста да ги совладаат техниките на јавното говорење, а со самото тоа и да бидат поуспешни во својата професија.

Исто така, се изучува како успешно да се совлада тремата, да се подобри дикцијата, правилниот изговор, да се развие способноста за пишување (говори, тези, есеи), како и успешно да се напише CV и да се претставите на интервју за работа.

Подетални информации, на следниот here

 

 

Дебатни клубови на студентите на УКИМ


 

Дебатните клубови на студентите на УКИМ се неформални здруженија на студенти кои функционираат на Економскиот факултет, Скопје; на Филозофскиот факултет, Скопје и на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Нивната цел е да ги обучат студентите за компетитивно дебатирање според форматот на британска парламентарна дебата, како и да ја прошират идејата за аргументирано комуницирање и изразување во академската средина.
Подетални информации, на следниот here.