- автономен, научен, високообразовен универзитет, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите;
- универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата) и, истовремено, на негувањето на културните вредности на другите етнички заедници во РМ;
- универзитет отворен за сите студенти врз основа на еднаквост и резултати, без разлика на нивното идеолошко, политичко, етничко, културно и социјално потекло;
- универзитет кој ја усогласува својата академска понуда со потребите на своето социјално опкружување и е во постојан динамичен однос со него;
- универзитет кој креира стимулативна околина за своите вработени, овозможувајќи им развој на нивните способности, со цел за исполнување на неговата мисија;
- универзитет кој развива доживотно и континуирано образование;
- универзитет определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејствување.
|