Гостувачко предавање
Согласно последните измени на водичот за докторанти на УКИМ, секој студент запишан на трет циклус ќе биде внесен во системот за управување со студенти iKnow, со што добива дигитален индентитет кој може да го користи за пристап до голем број научно истражувачки ресурси и истражувачки инфраструктури кои се престапуваат преку федерацијата на академски дигитални идентитети eduGAIN. Дополнително, секој студент на докторските студии во крајната фаза на своите студии, ќе треба да ја постави финалната верзија на својата доктроска теза во Ризнциата (репозиториумот) на УКИМ, во соодветната колекција за докторски тези.
За таа цел, на 17.05.2023 година, со почеток во 18:00 часот, на платформата MS Teams, ќе се одржи тренинг работилница со следниот дневен ред:
- Отворање на работилницата, проф. д-р Анастас Мишев ( )
- Активирање на дигиталниот идентитет на студентите на трет циклус, проф. д-р Анастас Мишев ( )
- Поставување на докторска теза и пропратна документација на репозиториумот, проф. д-р Војислав Саракински ( )
- Европски облак за отворена наука како клучна истражувачка инфраструктура, проф д-р Соња Филипоска ( )
Линк за пристапување на работилницата
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје