ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ EU2SE (European Upskilling of Students for Sustainable Entrepreneurship)
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост објавува можност за учество во Еразмус+ проектот EU2SE, кој има за цел развивање на вештини и знаења за одржливо претприемништво преку меѓународно партнерство.
Партнери во проектот се:
Универзитетот во Каен, Франција
Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија
Универзитетот за применети науки во Лапонија, Финска
Што нуди проектот?
Онлајн обука на тема одржливо претприемништво
Едномесечна меѓународна мобилност
Развивање на нови вештини и стекнување искуство преку соработка со студенти од Франција, Шпанија и Финска
Кој може да аплицира?
Проектот е наменет за 10 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Рок за аплицирање:
До 15 јануари 2025 година
Контакт за пријавување:
Испратете го вашето аплицирање на katerina@eccf.ukim.edu.mk
Ова е одлична можност за студентите кои сакаат да се усовршат во областа на одржливото претприемништво и да стекнат меѓународно искуство.