На Уким промоција на доктори на науки
На ден 05.04.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравство.
На свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 9 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет во Скопје.
Промоцијата на доктори на наука беше одржана во аулата на Ректоратот, почитувајќи ги протоколите и мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија, за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
- КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
- ГОРАН КОЧОСКИ, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
- БИЛЈАНА ЧЕКОРОВА МИТРЕВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина
- КИРИЛ МИХАЈЛОВ, доктор на медицински науки – базична медицина од областа на микробиологијата
- ЕЛЕНА ПЕТКОВИЌ, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на трансфузиологијата
- МАРИЈА ТОЛЕСКА ДОНЕСКА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата, реанимацијата и интензивното лекување
- РОСА СПАСОВА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
- СВЕТЛАНА КРСТЕВСКА БЛАЖЕВСКА, доктор на науки по јавно здравство
- ЕЛЕНА ЦУРАКОВА РИСТОВСКА, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата