Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е непрофитна образовна институција, чија цел е да ги промовира кинескиот јазик и култура и да посредува во изучувањето на кинескиот јазик и култура, да ја воспостави и поддржи наставата на кинески јазик во образовните институции во Македонија, и да ја помогне културната размена меѓу Македонија и Кина.
Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е формиран во партнерство со Југозападниот универзитет за финансии и економија, од Ченгду, провинција Сечуан. Го води тим од двајца декани избрани од двата универзитета.
Централата на Институтите Конфуциј е во Пекинг, а програмите се под надзор на Канцеларијата на Меѓународниот Совет за кинески јазик (Ханбан), непрофитна организација поврзана со Министерството за образование на Народна Репбулика Кина. Првиот Институт Конфуциј е основан во 2004 г. во Сеул, Јужна Кореја.
Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј организира настава на кинески јазик, одржува обука на наставници по кинески јазик, одржува HSK (Тест за одредување на нивото на познавање на кинески јазик) и тестови за сертифицирање на наставници по кинески јазик, обезбедува информации и консултативни услуги за образованието, културата, и други области што се однесуваат на Кина.
Наставата ја изведуваат и предавачи од Кина.
Просториите на Институтот Конфуциј се наоѓаат во Националната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски во Скопје, со адреса бул. Гоце Делчев бр.6.
Повеќе за Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.