Почетна | Новости | 20.05.2022


Одржана меѓународна конференција во Охрид

По повод одбележувањето на значајниот јубилеј 75 години од постоењето на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет, во Охрид од 16-ти до 18-ти мај 2022 година се одржа Меѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“.
На отворањето на конференцијата присуствуваше и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој со пригоден говор се обрати до присутните. Нему му беше доделена и плакета за исклучителен придонес за успешна организација на Меѓународната научна конференција.
Исто така, на отворањето на Конференцијата беа присутни и проректорките проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска и проф. д-р Биљана Ангелова, како и генералниот секретар на Универзитетот м-р Марија Маневска.
На отворањето се обратија и Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Кирил Пецаков и Раководителката на Институтот за педагогија, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска.