Остварена средба помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со менаџментот на кондиторска компанија – Макпрогрес групација од Виница
На 17 февруари о.г., ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на ТМФ проф. д-р Стефан Кувенџиев, остварија средба со менаџментот на најголемата кондиторска компанија во Македонија – Макпрогрес групација од Виница со цел реализација на повеќе активности од заеднички интерес. Оваа соработка е дел од програмата на УКИМ за зајакнување на соработката меѓу Универзитетот и бизнис секторот во доменот на развој и комерцијализација на иновации, истражувања на студентите, последипломците и докторандите на УКИМ, практична настава и заеднички истражувања во рамки на Европските програми: Erasmus, Horizon Europe, Widera и други.


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)