Потпишан меморандум за соработка
Со овој Меморандум за соработка, договорните страни се стремат да го уредат својот меѓусебен однос и да ја предвидат својата долгорочна соработка и меѓусебна поддршка во понатамошните активности преку имплементирање на заеднички проекти со цел да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор, континуирано приспособувајќи се на динамичните промени во овој домен, како и зголемување на интересот на приватниот сектор за дипломците на Универзитетот.
Со потпишувањето на овој Меморандум, договорните страни ја изразуваат подготвеноста за предметната соработка, врз основа на заемна доверба и разбирање и се согласни соработката да ја темелат врз начелата и постапките, предвидени со овој Меморандум.
- реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите;
- анализи за потребите од профили на кадри на пазарот на трудот;
- реализација на заеднички проекти и вклучување на претставници на бизнис-заедницата во процесите на осовременување на студиските програми и креирање нови студиски програми во согласност со потребите на пазарот на трудот;
- развој на форми на доквалификација и преквалификација за потребите на бизнис-секторот;
- заедничко учество и признавање на добиените крајни вредности од: работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати и обуки;
- помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областите на: здравство, образование, право, финансии, банкарство, менаџмент, претприемаштво, ИТ, нови технологии и др.;
- заедничка партиципација во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови за развој на земјите од Западен Балкан;
- создавање, во континуитет, на креативна интелигенција која ќе биде водич или стимулатор за секој поединец во функција на креирање на успех.