Потпишан меморандум за соработка со ИСОС
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) потпишаа Меморандум за соработка со заедничка цел за воспоставување на соработка на полето на образованието и науката заради подигнување на квалитетот и атрактивноста на сметководствената професија.
Соработката ќе подразбира размена на искуства, реализација на активности и проекти во насока на поставување нови цели и стандарди на професијата, организирање работилници, изведување на практична обука и стекнување на вештини, со цел унапредување на сметководствената професија, и произведување готови кадри во сферата на сметководството како дел од економската наука, а во рамките на професионалната пракса на студентите од УКИМ.


Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)