Потпишани договорите за издавање електронски изданија на учебници, односно учебни помагала од страна на УКИМ за учебната 2024/2025 година
Во насока на поттикнување на издавање на учебници и учебни помагала во електронска форма, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и во учебната 2024/2025 година распиша Конкурс за финансирање на издавачката дејност на УКИМ во електронска форма, е-издаваштво, на кој сите пријавени 12 учебници, односно учебни помагала ги исполнија условите и пропишаните критериуми, а Универзитетот и оваа година направи напори сите пријавени учебници и учебни помагала да се издадат во електронска форма, од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
По направената реализација на Одлуката бр. 11 – 1310/4 од 24.12.2024 година за издавање електронски изданија на учебници и учебни помагала од страна на УКИМ, на 5.2.2025 година, во тркалезната сала, во Ректоратот на УКИМ беа склучени поединечните договори за издавање на електронските изданија на учебниците, односно учебните помагала меѓу авторите од една страна и Универзитетот, претставуван од ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова, од друга страна. На склучувањето на договорите присуствуваше и претседателката на Комисијата за издавачка дејност, проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава на УКИМ.
Досега, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има издадено вкупно 147 учебници, односно учебни помагала во електронска форма.