Почетна | Новости | 15.03.2024


Проект „Зелени хроматографски методи за контрола на квалитетот на лековите“

Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и “Алкалоид” АД Скопје го започнаа проектот „Зелени хроматографски методи за контрола на квалитетот на лековите“.
Во рамките на овој проект, група студенти заедно со професори од Фармацевтскиот факултет – Скопје при УКИМ и ментори специјалисти од Контрола на квалитет и од Истражување и развој (фармација) од „Алкалоид“ АД Скопје ќе го интегрираат теоретското знаење добиено преку едукативни работилници во практично, со специфичен акцент врз зелената (еколошки прифатлива) аналитичка хемија (Green Analytical Chemistry, GAC) во Тренинг-лабораторијата на компанијата.Посакуваме успешна реализација и иновативни резултати од проектот

.