Почетна | Новости | 02.06.2022


ПРОМЕТЕЈ

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје учествува во проект за зајакнување на иновациите и претприемништвото, финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија
Иновации и претприемништво во домените на дигитална трансформација, циркуларна економија и одржлив развој
Со особено задоволство ја информираме јавноста дека Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” е дел од проектот ПРОМЕТЕЈ – еден од 23-те одбрани проекти на пилот-повик чија основна цел е да се изнесе на површина европскиот потенцијал за иновации.
Проектот е финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), во рамки на ЕИТ иницијативата за високообразовни институции: Градење на капацитети за иновации во високото образование, а негова основна цел е развој и споделување на поддршка за иновации и претприемништво во областа на дигиталната трансформација, поврзана со циркуларна економија, климатски промени и одржлив развој.