Почетна | Новости | 28.10.2021


Современи студиски програми

 

Со големо задоволство го најавуваме вториот настан од серијата на едукативни настани „Зборуваме отворено за…“ во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY кариерниот центар.
На овој настан „Зборуваме отворено за современи студиски програми“ ќе дискутираме за процесот на подготовка на современи студиски програми ориентирани кон потребите на пазарот на труд, светските трендови во високото образование, како и за механизмите што треба да се воспостават помеѓу академската и деловната заедница со цел усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд.
На настанот ќе говорат:

  1. Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ
  2. Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ
  3. Проф.д-р Христина Спасевска, проректор за настава на УКИМ
  4. Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија
  5. Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија дооел Охрид
  6. Д-р Ристо Јаневски, директор за стратешко планирање и развој во ОКТА АД Скопје
  7. Анета Петровска Русомаровски, раководител на одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија.

За да можете да го следите настанот онлајн треба да се пријавите на следниот линк – https://thrivitycareercenter.mk/.