Почетна | Новости | 12.06.2024


Средба со делагацијата од CLEC при МОН на НР Кина

Денес, 12 јуни 2024 г., ректорот проф. д-р Биљана Ангелова ја прими високата делегацијата од Центарот за јазично образование и соработка (CLEC) при Министерство за образование на НР Кина предводена од заменик директорот г-ѓа Џинг Веи. На средбата беа разменети позитивните искуства од долгогодишната соработка на УКИМ со Центарот и реномираните универзитети во НР Кина.
Особено, беше нагласен успешниот развој на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, кој веќе 11 години реализира курсеви по кинески јазик за сите возрасти и ја промовира кинеската култура. Со цел да се унапреди соработката, се разговараше за програмите кои МОН на НР Кина ги нуди за странските студентите на сите три циклуси и новите иницијативи за научноистражувачки проекти и истражувања.✨

 

May be an image of 10 people and text