Team3Win натпревар
Насочувајќи ја својата работа кон примена на Quadruple Helix Model, Го најавуваме стратешкото партнерство со ADAC Automotive, САД, водечка светска компанија која добавува свои решенија за компаниите Ford, General Motors, Stelantis, Honda, BMW, Mercedes, Tesla и други. Како прва активност на оваа соработка е студентскиот натпревар TEAM3WIN, каде оваа година како покровител се јавува ADAC Automotive. Предизвикот на натпреварот е да се развие идеен концепт за тоа како луѓето ќе влегуваат и излегуваат од своите возила во иднина. Пријавувањето трае до 25.03.2024, а финалето на натпреварот Team3Win ќе се одржи во првата недела од јуни 2024-та година. Повеќе информации на следниот сајт: https://lnkd.in/dBsDQGqP Преку ова стратешко партнерство им се овозможува на студентите на УКИМ да работаат на идејно решение на глобален предизвик во автомобилската индустрија. Можеби токму вашето решение ќе биде поставено на идните автомобили! |