Почетна | Новости | 30.08.2024


Тридневен курс со предавања и практики по реконструктивна микрохирургија

За Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Медицинскиот факултет, извонредна чест е фактот дека светските гиганти во светот на микрохирургијата, проф. д-р Јауме Масија од Шпанија, проф.д-р Марко Иноченти од Италија, проф. д-р Ј.П. Хонг од Јужна Кореја, проф. Ерик Сантамарија од Мексико, ќе водат специјално дизајнираниот тридневен курс по микрохирургија за нашите студенти. Можноста за учење преку директна интеракција и работа со светски познати експерти, кои со извонредна посветеност учествуваат во развојот на реконструктивната микрохирургија во светот, е извонредна.

За микрохирургијата, како дисциплина, потребно е не само темелно разбирање на сложената анатомија на човечкото тело, туку и исклучителна прецизност и посветеност. Курсот, предводен од ценетите гости, има за цел да ги продлабочи и подобри знаењата и вештините на нашите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во ова предизвикувачко поле.

Тридневната агенда е богата со практични вежби, внимателно дизајнирана не само да едуцира, туку и да инспирира и поттикнува нови идеи, подобрување на прецизните микрохируршки техники, како и промовирање на високо ниво на меѓународна соработка. Овој настан ја потврдува посветеност на Универзитетот, како и посветеноста на Медицинскиот факултет за континуирана едукација и следење на светските трендови во медицината, кои се клучни за постигнување на најдобри резултати за пациентите.