Почетна | Новости | 20.06.2024


Традиционална завршна модна ревија на студентите на ТМФ на тема „Време“

„Време“ беше темата на 24-тата традиционална завршна модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје (ТМФ), под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, презентирана на ТМФ, во присуство на бројни гости од јавниот живот и дипломатскиот кор.

Поради поврзување на ревијата со прославата на 65-годишнииот јубилеј од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, настанот беше проследен од бројна публика, каде помеѓу љубителите на креативноста, сегашните и завршените студенти, беа присутни и уважени гости, како претседателката проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова  и проф. д-р Радмила Кипријанова, декан на ТМФ во Скопје и ректор на УКИМ.

 

 

При презентацијата на времето во модата, студентите инспирира со својата креативност, применувајки ги новите технологиии и иновации, во еден општествен контекст на секојдневен живот, културните навики и уметност.