Канцеларија за ЕУ проекти
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја отвори својата канцеларија за ЕУ проекти на 1 јануари 2024 година, со цел олеснување и давање поддршка на академскиот и административниот персонал, во рамките на своите единици, во делот на поднесување проектни апликации и учество во европските програми (за истражување и иновации, образование, претпристапна помош, градење на капацитетите, мобилност и вмрежување).
Канцеларијата е отворена во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и со тоа има централно место за помош и поддршка при подготовка и спроведување на европски и други меѓународни проекти во рамките на универзитетот.